Избрано е ново раководство со мандат 2022 – 2025 година
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, на 18.03.2022, во хотел Александар Палас го одржа своето 16-то Редовно Годишно Изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на комората со мандат март 2022 – март 2025 година.
За Претседател на Управниот одбор е избран г-дин Илија Господинов од компанијата Ендава, a Заменик Претседател на Управниот одбор е г-ѓа Весна Иваноска од компанијата Сеавус едукативен и развоен центар.
На редовното Изборно Собрание беше избран и нов Претседател на Собранието на МАСИТ, Г-ѓа Анета Антова Пешева од компанијата Унет, а воедно беа избрани и нови членови на Управниот Одбор, Надзорниот Одбор и Судот на честа. Истите се наведени во продолжение:
Членови на Управен одбор на МАСИТ се:
- Илија Господинов, Ендава, Претседател на Управен одбор
- Весна Иваноска, Сеавус едукативен и развоен центар, Заменик Претседател на Управен одбор
- Благој Христов, Македонски Телеком
- Горан Петревски, Ассеко СЕЕ
- Дамјан Манчевски, Мак Систем Софтвер
- Драган Чепујноски, А1 Македонија
- Ненад Чубриновски, Инплеер
- Роберт Павлов, Мусала софт
- Софче Јовановска, Скеил Фокус
Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се:
- Миле Стоиловски, Брансис, Претседател на Надзорен одбор
- Горан Митев, Едусофт,
- Илија Мишов, ИТ Лабс
Членови на Суд на честа на МАСИТ се:
- Теди Цоневски, Неотел, Претседател на Суд на честа
- Викторија Дранговска, Коде ИТ Солушнс
- Дашмир Истрефи, Хојо Тек
Новото раководство на МАСИТ во претстојниот мандат ќе има неколку стратешки приоритети за зајакнување на позицијата на комората и заштита на интересите на ИКТ индустријата:
- воспоставување на редовен процес за следење на состојбите и растот на ИКТ индустријата;
- соодветно лобирање на интересите на ИКТ индустријата пред надлежните институции со пренесување на проблемите и понуда на предлог решенија;
- зајакнување на комората со воведување на нови и проширени услуги кон членството;
- зајакнување на координацијата помеѓу приватниот сектор, јавниот сектор и образованието (формално и неформално) со цел адресирање на предизвиците поврзани со работната сила;
- промовирање на ИКТ индустријата и компаниите членки.