Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, воспоставува соработка со Ragusa Group, една од водечките угостителски групации во земјата. Со ова партнерство, Ragusa Group станува официјален ПАТРОН партнер на МАСИТ, овозможувајќи дополнителни бенефити за членовите на комората, придонесувајќи кон унапредување на деловната заедница во земјата.
Ragusa Group е препознаена по својата гастрономска експертиза и по својот професионален партнерски пристап во организација на корпоративни и приватни настани. Во рамки на групацијата функционираат следните објекти:
- Парк by Ragusa Group – модерен и просторен ресторан со иновативен дизајн, идеален за корпоративни настани, тим билдинзи, конференции и приватни прослави.
- Рагуза 360 – панорамски ресторан со уникатен амбиент и креативна гастрономска понуда, совршен за бизнис настани и репрезентативни приеми.
- Ragusa 919 – елегантен и функционален простор со висок стандард на услуга, погоден за корпоративни настани и приватни прослави.
- Киндер Парк – безбеден и забавен простор специјализиран за родендени и детски настани.
„Ова партнерство е дел од нашите континуирани активности за обезбедување додадена вредност за членството. Соработката со Ragusa Group им овозможува на нашите членки приоритетен пристап, ексклузивни понуди и специјално креирани бенефити за организација на корпоративни и деловни настани“, наведуваат од МАСИТ.
Во наредниот период, МАСИТ и Ragusa Group ќе организираат ексклузивен Business Brunch, наменет за членовите на комората, на кој тие ќе имаат можност директно да се запознаат со раководниот тим на Ragusa Group, да ги искусат нивните гастрономски концепти и да ги разгледаат можностите и поволностите за организација на деловни настани во рамки на ова партнерство.














