Компанијата Dynamic Yield, дел од Mastercard, ја претстави Shopping Muse – нова персонализирана алатка базирана на вештачка интелигенција, која целосно го менува начинот на кој потрошувачите пребаруваат производи во онлајн понудата на малопродажните трговци.
Shopping Muse се стреми да создаде чувство на онлајн купување како да сте во продавница, преку „преведување“ на колоквијалните фрази на потрошувачите во приспособени препораки за производи, комплетирани со предлози за координирање на производите и аксесоарите. Потрошувачите можат да го користат Shopping Muse за лесно да ја истражат модерната естетика, трендовските изгледи, кодовите за облекување и да употребуваат неконвенционални зборови за пребарување како „cottagecore“ или „beach formal“.
Врз основа на активноста на корисникот, по одреден период на користење, Shopping Muse сама ќе креира препораки кои одговараат на профилот и афинитетот на секој поединец, за секој да има интуитивно корисничко искуство. Платформата користи високо напредна технологија за персонализација на Dynamic Yield и врз основа на однесувањето на секој потрошувач создава препораки засновани на визуелниот идентитет и вредностите на секој бренд, како и на потрошувачките афинитети.
„Решенијата како Shopping Muse го претставуваат следниот чекор во револуцијата на малопродажбата и го враќаат потрошувачот во центарот на процесот. Mastercard користи технологија и машинско учење секој ден за да ги обезбеди најдобрите можни решенија и за брендовите и за потрошувачите“ – посочува Раџ Сешадри, претседател за податоци и услуги во Mastercard.
Покрај пребарувањето по клучни зборови, Shopping Muse им овозможува на потрошувачите да го најдат совршениот производ дури и кога не знаат како правилно да го опишат со зборови. Користејќи интегрирани алатки за препознавање слики, продавачите можат да дадат препораки за релевантни производи врз основа на сличноста во изгледот, дури и ако недостасуваат соодветните технички ознаки. Оваа алатка го зема предвид и претходното однесување на корисникот за подобро да процени кој производ му треба. Со разбирање на преференциите на потрошувачите, како и согледаните обрасци во однесувањето на пазарот, брендовите можат да се осигураат дека препораките за производи целосно одговараат на потребите на секој еден корисник.
„Персонализацијата му овозможува на секој поединечен корисник лесно да го пронајде производот што го сака, благодарение на вештачката интелигенција секое онлајн купување ќе биде целосно прилагодено на потрошувачот. Користејќи го широкиот опсег на можности што ги нудат технологиите со вештачка интелигенција, Shopping Muse одговара на сите барања на потрошувачите, правејќи го купувањето попаметно од кога било досега“ – објаснува Ори Бауер, извршен директор на Dynamic Yield во сопственост на Mastercard.
Во ерата на брзорастечки трендови и алгоритми за „длабоко учење“, маркетерите мора да се прилагодат на променливите барања и зголемените очекувања на потрошувачите за да ги надминат краткорочните трендови. Прифаќањето на технологијата е од клучно значење за таквите процеси. Според статистичките податоци, нешто повеќе од една четвртина од анкетираните трговци во моментов користат решенија за вештачка интелигенција, додека тринаесет проценти планираат да ги усвојат во следната година.