Matt Brittin, EMEA шеф на Google, објави извинување до рекламната индустријата за проблемите со кои се соочуваат брендовите чии реклами беа поставени до контроверзни содржини на YouTube.
Brittin, кој е претседател на EMEA Business and operations, кажа дека Google одлучи да го забрза процесот на разгледување на веќе постоечкитe проблеми со појава на реклами во екстремистички видеа по истражувањето на ‘’The Times’’ објавено минатата недела.
Тој зборуваше на настанот на Advertising Week Europe каде беше панелист заедно со шефот за маркетинг на Unilever, Keith Weed околу тематиката “Градење на брендови во економија на внимание “.
Weed ја отвори сесијата со признавање на постењето на проблем кој доминира во вестите и на Brittin му даде можност да го адресира тој проблем прв. Weed не зборуваше за реакциите на Unilever по овие проблеми меѓутоа сепак остави впечаток дека сепак е загрижен по бројните прашања поставени кон крајот на сесијата.
Brittin кажа: ” Ќе започнам со извинување кон сите брендови кои беа погодени од овој проблем, истраживме и за голем број од оние компании кои се рекламирале станува збор за трошење на многу мали суми на пари. За таа цел Brittin нагласи дека Google на проблемите гледа од три агли за пронаѓање на можни решенија – политики, контроли и засилување на работата. Она што се нагласува од негова страна се кои содржини Google ќе ги категоризира како безбедни за рекламирање во првата категорија, во втората категорија е разгледувањето на контролите кои веќе постојат но сеуште не се доволно користени од страна на компаниите, па за таа цел Google ќе разгледа нови перспективи за олеснување и поедноставување на контролите. Третата категорија ‘’засилувањето’’- се однесува на зголемена брзина на делување при појава на пријавена содржина (означена со црвено знаменце).