Некои работи, како на пример чистата и безбедна вода за пиење, ги земаме здраво за готово и не помислуваме колку е тоа важна цивилизациска придобивка. Реалноста е дека околу 771 милиони луѓе во светот го немаат тој луксуз.
Со цел да се подигне јавната свест за овој глобален проблем, пивскиот бренд Stella Artois се здружи со холивудскиот актер Мет Дејмон и непрофитната организација Water.org за да ја лансираат својата нова камапња “Give the Gift of Time” („Подарете го времето“).
Централниот спот на кампањата отпочнува со сцена во која Мет Дејмон отвора подарок со чаша од Stella Artois и си налева пиво. Со прстот ја повлекува капката која му се истурила и спотот се трансформира во акварел слика која го објаснува проблемот на бројни жени низ светот кои голем дел од својот ден мораат да го минуваат надвор од домот за да носат чиста вода.
Но, што ако тоа не мораа да го прават? Што ако нивните зедници имаа пристап до чиста вода? Тоа е борбата на Stella Artois и Water.org – да им обезбедат на жените не само чиста вода, туку и повеќе слободно време кое тие ќе можат да им го подарат на своите блиски.
Рекламата завршува со ветување дека со секоја купена чаша од лимитираната празнична едиција на Stella Artois, или пакување пиво, компанијата ќе донира средства за обезбедување чиста вода на оние кои имаат потреба од тоа.
Покрај централниот спот, кампањата вклучува и out-of-home активности.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Mother London.