Amazon објави нова реклама за својот гласовен асистент Alexa, во која асистентот им помага на еден возрасен љубовен пар да се присетат на младоста.
Имено, едноминутниот спот отпочнува со сцена на некоја матурска забава во 1960-те години. Гледаме како едно момче ѝ пристапува на девојката која му се допаѓа и ја поканува на танц.
Останатото е историја, како што гледаме од следната сцена во која истиот пар танцува на истата песна, многу години подоцна. Всушност, Amazon Alexa е уредот кој им помага да се навратат, потсетат и повторно да ги искусат магичните мигови на нивниот прв танц.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Droga5 London и продукциската куќа Park Pictures.