M&C Saatchi објави дека Џастин Греам, извршен директор на M&C Saatchi Group Australia, ја проширува својата улога во рамки на агенцијата, станувајќи првиот глобален директор на огласувачката мрежа (Global Head of Advertising Network). Ова е дел од програмата за трансформација наречана Moving Forward која ќе биде претставена на Capital Markets Day, денес 8 февруари 2023 година.
Греам ќе биде задолжен за дефинирање и водење на унифицирана глобална понуда за огласување на M&C Saatchi, унапредување на главните услуги и можности во клучните регионални центри и поттикнување на растот на глобалната база на клиенти.
Во исполнување на своите задачи, Џастин Греам ќе соработува со Мореј Мекленан, извршен директор на M&C Saatchi PLC, како и Венди Диксон, генерална директорка за раст на M&C Saatchi Group. Во текот на изминатите 18 месеци, агенциската мрежа имплементирала значителни организациски промени и инвестиции во технологијата за да ја продлабочи соработката и односите со клиентите. Воведување на функцијата глобален директор на огласувачата мрежа го означува следниот чекор во развојот на M&C Saatchi.
„Водењето на светски познатиот креативен бренд во неговото следно возбудливо поглавје на раст е неверојатна можност. Никогаш не било поинтересно време да се посветиме на улогата што технологијата, раскажувањето приказни и креативноста можат да ја играат во поттикнувањето значајни промени за брендовите и општеството“ – истакна Џастин Греам, по повод неговото назначување како глобален директор на огласувачката мрежа на M&C Saatchi Group.