Глобалната адвертајзинг агенција M&C Saatchi лансира нов специјализиран оддел кој ќе биде посветен на креативни решенија за брендовите поврзани со сферата на животниот стил и спортот.
Новиот оддел ќе биде познат под името Fabric и произвлегува од досегашниот оддел на агенцијата за спорт и забава (M&C Saatchi Sport & Entertainment).
Предводник на новиот оддел Fabric ќе биде Кристина Фрасето, која неодамна беше назначена за директор за комуникации на M&C Saatchi Sport & Entertainment, а има повеќе од 10 години искуство во овој индустриски сектор.
Одделот започнува со работа во Австралија, а во следните месеци треба да отвори канцеларии и во Лондон, Њујорк, Јоханесбург и Берлин.
Според спроведеното истражување на M&C Saatchi, областите како модата, исхраната, убавината, здравјето и благосостојбата се идентификувани како „области на страст“ кои прераснале во доминантни движечки сили во продажбите поврзани со животниот стил.
„Начинот на кои ги култивираме нашите страсти еволуира. Повеќе не се работи само за омилена позната личност, спортски тим или игра. Страстите прераснаа во аутлет за креативна експресија, начин да се создаде нов идентитет, надополнување, кампања за промени, па дури и да се добие професионална предност,“ истакнува Кристина Фрасето, по повод лансирањето на Fabric.