Технологијата позади кампањата користи генетски алгоритам да тестира извршувања базирани на “функции“ (т.н. ‘гени’) како copy, layout, font или image. Во секој постер е инсталирана камера која им овозможува на M&C Saatchi да ги следат интеракциите на луѓето со рекламите врз база на тоа дали изгледаат среќно, тажно или рамнодушно.
Рекламите кои не успеваат да предизвикаат интеракција ќе бидат елиминирани, а тие кои ќе предизвикаат реакција ќе бидат репродуцирани во иднина.
Вештачки интелигентните постери беа поставени минатата недела на автобуските стојалишта на Oxford Street и Clapham Common во Лондон, а повторно ќе бидат поставени од 10 до 21 август. Агенцијата ја разви кампањата во партнерство со Posterscope и Clear Channel UK.
Кампањата генерирала и прикажала 1540 реклами и проследила повеќе од 42 000 интеракции.
Дејвид Кокс, Генралниот директор за иновации при M&C Saatchi, истакна: “Оваа иновации отвора нов простор во индустријата бидејќи за прв пат еден постер е целосно оставен сам да си се напише, врз база на она што функционира, а не само врз она што личноста мисли дека може да фунцкионира. Ние не сугерираме намалена улога на креативата, но знаеме дека технологијата ќе игра поголема улога во она што го правиме.”