Во телекомуникациите од година во година опстануваат само навистина интересните и квалитетни понуди. На тој начин во трендот на обединување на сите кориснички телекомуникациски услуги беше создаден mts BOX. BOX, тоа сигурно сите веќе знаат, е телевизија (како сервис), фиксна линија и мобилна постпејд тарифа по избор, во еден пакет, на една сметка, за заштеда на цела фамилија. Секоја година BOX промовира посовршени, понови, побрзи, поповолни, поубави, подобри, попријатни, поразновидни, полесни за употреба услуги наменети за сите од „7 до 77 години” (и пошироко).
Една од вистините за BOX вели дека е омилена услуга на српските домаќинства бидејќи го заокружува токму нивниот избор, нивниот мал универзум на комуникација и забава. Скроен по мера на секоја фамилија и корисник поединечно, BOX е омилен дел од нашата стварност, а како сеприсутен во нашите животи (комуникација, забава, проток на информации) BOX креира свет за себе: КОЦКАСТ СВЕТ.
Идејата дека се што не е коцка со новиот BOX станува коцка, не` воведува во еден чудесен, поинаков, природно – дигитален свет каде што балонот од гумата за џвакање е четвртаст, рекетот за пинг понг исто така, кучето милениче бишон “фура“ четвртасто крзно, девојките имаат коцка фризура, а ниту хулахопот веќе не е она што беше некогаш, за сладоледот да не зборуваме… Во ерата на мега пиксели, Инстаграм, ретро шик, виртуелен живот со виртуелни пријатели, моќта на сите социјални мрежи заедно, неприродно станува многу реална. Визуелната илузија на големиот Морис Ешер се шири околу нас и во нас. Преку хип мелодија и необичните глетки на коцкастиот свет, ATL кампањата привлекува внимание, делува свежо, одлично комуницира со публиката и ја разгорува фантазијата на потрошувачите.
А како што ништо веќе не доживуваме како стварно, ако не се огласило на социјалните мрежи, овековечило со телефон, се провлекло во ТВ емисија и прераскажало на чет или во телефонски разговор, коцкастиот свет навистина господари со нашите животи. Сликајте обичен доручек, прикачете го на Инстаграм и јајцето на око поприма нов облик!
Туш!Удар во чинелите за крај, во четвртасти чинели …
Креативци: Dubravka Petrović, Nemanja Stanković, Nenad Dodić
Акаунти: Jelica Jauković, Jelisaveta Živanović, Marija Stamenović
Креативен директор: Vladimir Ćosić
Стратешки планер: Katarina Pribićević
Продукција: Tuna Fish
Режија: Kosta Glušic