Со освојување на вкупно 141 поен , МекКен Ериксон е прогласена за најуспешна агенциска мрежа, втора година по ред, на штотуку завршениот фестивал Голден Драм, кој деновиве се оддржуваше во Порторож Словенија.
Второто место го освои агенциската мрежа Young & Rubicam со 122 поени.
Синоќа беа доделени и останатите специјални награди :
– Golden Rose наградата. за агенцијата која ќе добие најмногу поени на целиот фестивал, ја доби агенцијата Voskhod од Русија која истовремено ја освои и Tartini Award која се доделува за најуспешната независна агенција.
– Brand Grand Prix наградата , која се доделува за брендот кој ќе добие најмногу поени на фестивалот му припадна на Vodafone.
– Good Cause Grand Prix наградата за најуспешниот добротворен проект ја доби агенцијата Cheil од Полска.
Исто така беше врачена и награта Golden Watch, која ја добива најуспешниот креативен директор на фестивалот, а која оваа година му припадна на Andrey Gubaydullin од агенцијата Voskhod Русија.