Лавина од позитивни коментари, пофалби, извештаи во најзначајните светски медиуми од областа на комуникациите, емоции, моќна иницијатива на медиски соработници, креативци и уметници ширум Европа – сите овој пат поврзани во служба на престижниот, глобален бренд кој заслужува почит и најголема можна благодарност – здравствените работници.
Тешките времиња секогаш создаваат големи херои, а тие скоро секогаш се анонимни лица кои несебично и храбро се жртвуваат во корист на другите. Во овие тешки месеци за време на борбата против вирусот Ковид-19, тоа беа жени и мажи на првите борбени линии, во мантили, заштитна опрема, зад тесни маски и наочари.
Овие храбри луѓе успешно беа ставени во прв план, а благодарност им беше укажана со голема кампања на агенцијата McCann под насловот „ВИ БЛАГОДАРИМЕ, ДОКТОРИ“.
Ширум регионот, агенциите McCann и UM, членови на групацијата I&F McCann, како и нивните медиумски партнери, истовремено ги наполнија улиците на Белград, Загреб, Сараево, Подгорица, Скопје и Тирана со креативни решенија, пораки за поддршка, благодарност до лекарите и медицинскиот персонал, како и многу потребниот оптимизам во врска со нашата иднина. Идејата позади кампањата #supportthedoctors беше да се подигне и свеста на луѓето за моменталната состојба и важноста на солидарноста и поддршката за здравствените работници кои секојдневно ги ризикуваат своите животи и се борат за сите нас.
Иницијативата „ВИ БЛАГОДАРИМЕ, ДОКТОРИ“ влучи бројни креативци од агенциите на McCann, кои осмислија речиси стотина постери. Покрај тоа, кон акцијата секојдневно се приклучуваат сé повеќе креативни тимови:
„Серијата уметнички постери создадени од колегите од канцелариите на McCenn во регионот веднаш ги разбудија емоциите кај сите нас во UM. Задоволството беше големо да се приклучиме на оваа кампања и да ги поканиме нашите медиумски партнери, особено outdoor медиумите, да помогнат оваа порака на голема благодарност да допре до вистинските суперхерои, лекари и медицински лица низ целиот регион и тоа на места каде што сигурно ќе ги забележат, во близина на COVID болниците. Благодарност до колегите, благодарност до медиумските партнери и најмногу благодарност до нашите вистински херои, лекарите“, рече Бранислава Кагронов, регионален менаџинг директор на UM.
Проектот го водеше Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на агенцијата McCann Beograd. Таа нагласува дека во ова време, како и во било кое друго, моќта на креативност лежи во нејзината смисленост, а смисленоста како таква – сега е најпотребна:
„Во кампањата #подршказалекарите го направивме истото она што го правиме и во „нормалните“ времиња – ја бараме најдобрата идеја. Ситуацијата во која беше испразнет многу простор во медиумите ја инспирираше иницијативата за благодарност и поддршка за лекарите, што се спроведува во многу земји во Југоисточна Европа. Ние се придруживме со голем ентузијазам и во нашиот регион. Екипи од Белград, Загреб, Тирана, Скопје и Сараево придонесоа за оваа единствена изложба. Нашето знаење, талент, дизајн и мисли ги ставивме во служба на нешто поголемо и затоа сме многу среќни.“
Светската и домашната јавност ентузијастички реагираа на решението на агенцијата McCann Beograd, која на едноставен начин ги претстави лекарите во улога на суперхерои. Кампањата од Белград патуваше низ целиот свет, а нејзиното идејно решение беше објавено ексклузивно на специјалните насловни страници на списанието „Nedeljnik“:
„Фотографиите од медицински лица кои што се појавија во медиумите во потполност ме оставија без зборови. Тогаш ја сфатив тежината на ситуацијата, нивната големина и храброст. Идеите сами се надоврзуваа. Фактот што допревме до срцата на голем број луѓе ширум светот говори во прилог на тоа дека и успеавме во својата намера,“ објаснува Лидија Миловановиќ, Head of Art во агенцијата McCann Beograd, која ја дизајнираше насловната страница на „Nedeljnik“.
Галеријата со сите креативни решенија од јадранскиот регион можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.