Агенциската мрежа McCann Worldgroup, дел од групацијата Interpublic, ја именуваше индустриската ветеранка Стефани Нерлих како нов глобален претседател на агенцијата McCann.
Новата претседателка Стефани Нерлих ќе биде одговорна за поттикнување на деловниот раст на McCann во партнерство со регионалните претседатели на McCann Worldgroup и ќе се фокусира на проширување на новите способности на компанијата на глобалните пазари. За својата работа, таа ќе одговара директно пред извршниот директор на McCann и McCann Worldgroup, Дерил Ли. Новата директорка, исто така, ќе понуди извршно раководење и советување за McCann во деловното работење со нивниот значаен клиент Verizon во САД.
Новото кадровско решение на McCann е донесено во согласност со раководната структура воведена од Дерил Ли, која што на клиентите им дава директен пристап до повеќе ресурси на високо ниво. Нерлих, како и другите директори, ќе го дели своето работно време помеѓу раководењето со агенцијата и одржувањето на односите со клиентите.
„Возбудена сум што се придружувам на McCann како глобален претседател. Ретки се можнстите кои доаѓаат од толку прославена агенција, особено таква која може да испорача водечка креативност во индустријата што ги решава деловните проблеми на таков завиден список клиенти“ – изјави Стефани Нерлих по повод нејзиното приклучување кон McCann.