Агенцијата McCann го претстави McCann Content Studios, глобален оддел кој ги обединува нивните способности за социјален маркетинг и соработка со креаторите на содржини.
Со цел поедноставување на процесот за клиентите кои работат на социјални кампањи и кампањи предводени од креатори, ова ново студио ќе нуди креативни услуги, градење на публика, партнерства со креатори и мерење на перформансите – комбинирајќи го развојот и имплементирањето на стартегии за социјален маркетинг и креација на содржини во еден ентитет.
Основниот тим од над 100 вработени ќе го предводат Моника Тејлор, генерална директорка за социјален маркетинг, Кристал Малахиас, глобална директорка за инфлуенсер маркетинг и Амит Сута, претседател и глобален директор за клиенти. Одделот ќе биде понатаму поделен во повеќе тимови со различна големина приспособени за индивидуални проекти. Тие ќе им служат на клиентите кои претходно работеле со McCann Live и ITB, вклучувајќи брендови како Aldi, Converse, Ulta Beauty и New York Lottery.
„Она што McCann Content Studios ни дозволува да го направиме е да го споиме раскажувањето за брендовите со раскажување приказни во сферата на културата и да се погрижиме тие да бидат комплементарни. Истовремено ќе учествуваме во културни разговори, но ќе го задржиме бренд наративот во преден и централен план, така што сето ќе се надополнува и нема да се чини како да доаѓа од две различни места“ – објаснува Дерил Ли, глобален извршен директор на McCann Worldgroup.