Креативниот тим на McCann Осло, на чело со Адам Билд и Јирген Лауре, стои зад новиот креативен концепт “Неспоредлив вкус” (“Unparalleled taste”), кои го креираа за кавијарот на брендот Милс.
Оваа епска реклама е резултат на соработка со продукциската куќа Babusjka и режисерот Томас Анкер, како и со Горан Обад, музички супервизор од Ohlodgy. Видеото е снимено на арктичките острови Лофотен, со цел да се прикаже и потеклото на кавијарот.
“Задачата беше јасна. Никој не користи подобри состојки и рецепти од Милс. Кавијарот, 12 месеци, стои надимен во буриња, давајќи му зрел вкус кој 70% од луѓето во Норвешка едноставно го обожава “, вели Ерик Микалсен, акаунт менаџер во агенцијата McCann Осло. Ерик го опишува времето поминато на сетот во Лофотен како “една од најдобрите недели во животот”.
„Се фокусираме на потеклото на нашите производи и имаме среќа што можеме да го докажеме на најубавото место на светот, вели Камила Хегестад, продукт менаџер во Милс.
Песната од рекламата е инспирирана од песна која е стара повеќе од двестe години, која ја пееле работниците на бродовите на отворено море.