Агенцијата “McCann Подгорица” пријави две кампањи за ревијата BalCannes на овогоинешниот Weekend Media Festival. Ова е втор пат како агенцијата “McCann Подгорица” учествува на BalCannes каде нвната кампања минатата година „Nemoj da zakasniš“ имаше голем успех влегувјќи како прва кампања на една црногорска агенција меѓу 25 најдобри.
Двете кампањи кои ги предложи агенцијата “McCann Подгорица” се реализиран за Комерцијална Банка Будва. Со оваа банка, агенцијата “McCann Подгорица” има долгогодишна успешна соработка. Првата кампања пд насловот „Rastimo zajedno“ реализирана е по повод 20 години успешно работење на Комерцијална Банка Будва во Црна Гора. За време на смислувањето на оваа кампања креативниот тим на агенцијата се соочи со неколку проблеми. Пред се, од една страна голем број на луѓе се’ уште имаат стереотипи кога се работи за банки, а од друга страна требаше да се осмисли кампања која се разликува од кампањите на другите банки. Поради тoа потребно беше да се осмисли кампања која е потполно различна и ги надминува стереотипите, но на начин во прв план да се истакне успехот на банката.
“Сфативме дека мораме да ги победиме стереотипити и да бидеме целосно различни така што на вистински начин го одбележиме јубилејот.” Истакна Лека Дедивановиќ, Business Development Director и додава: “Нашата задача беше да раскажеме приказна за две децении успех. Тоа го прикажавме преку приказната за растењето, развојот, партнерството, трајните вредности и заеднички постигнатиот успех. Сакавме да ја прикажеме банката од еден сосема друг агол. Ова е една од кампањите со која го покажавме својот квалитет и потенцијал и сакавме да ја претставиме на стручната јавност во Ровињ”.
За реализација се користени сите традиционални медиуми, но и нетипични начини на огласување како што е брендирањето на најголемата фонтана во Подгорица. Јубилејот, 20 години постоење и успешно раотење на Комерцијална Банка Будва, прославен е со голема роденденска забава на која фондацијата “Rastimo zajedno” ги награди најалентираните ученици од црногорските основни училишта.
Кампањата можете да ја погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=AcdQzsqGSNM
Втората кампања направена за Комерцијална Банка Будвапод насловот „Za život bez novčanih fobija“ на потрошувачите им ги претстави Maestro и Master платежните картички како новина на банката на пазарот во Црна Гора. Имајќи во предвид дека конкурентските банки оваа услуга веќе им ја нудат на своите клиенти, потребно беше да се осмисли кампања која ќе им го привлече вниманието на потрошувачите. Креатиниот тим на агенцијата “McCann Подгорица” тргна од тоа дека еден од најголемите стравови и оној дека ќе останеме без пари.
“Луѓето често се соочени со најразлични стравови, биле тие рационални или ирационални. Веднаш знаевме дека мора да направиме нешто несекојдневно за да го привлечеме внимнието на целната јавност”кажа Сандра Вујовиќ, copywriter во агенцијата “McCann Подгорица” и додава: “Ирационалните стравови, односн фобии, нам, со својата разноликост и бизарност, веднаш ни го привлекоа вниманието и не’ донесоа до идејата: со платежните картички можиме да ги победиме сите парични фобии. Се одлучивме сите овие запазувања во кампањата, на единствен начин, да ги поврземе со локалните стереотипи и хумор.”
За кратко време кампањата предизвика големо внимание од јавноста. Рекламата која си поигрува со различните фобии стана хит на социјалните мрежи, а на интернет порасна пребарувањето за различни видови на фобии.