McCann Worldgroup Europe е прогласена за најефикасна агенциска мрежа на регионот според глобалниот Effie-индекс за 2017 година
Веќе седум години Effie-индексот ги препознава компаниите кои ги креираат најефикасните маркетиншки идеи во светот и ги рангира според кумулативниот успех на повеќе од 40 национални, регионални и глобални Effie-натпревари. Effie – глобалниот индекс на ефикасност за 2017 г. рангира вкупно 3.601 финалист и наградени учесници со резултати од натпреварите кои се одржани во текот на 2016 г.
За успехот на McCann агенциската мрежа придонес имаат и агенциите кои работат во рамките на I&F McCann Групата. На хрватскиот национелен фестивал “Денови на комуникација” во рамките на Ideja X натпреварот, McCann Загреб е прогласена за најдобра агенција во Хрватска а тимот на медиумската агенција UM Загреб на доделувањето на Effie наградите освои Effie Grand Prix.
“Нема мали или големи агенции или пазари, има само мали или големи идеи. Затоа сум особено горд што нашиот Адриатик регион, a посебно McCann Загреб како агенција на годината, придонесе за вкупниот пласман на McCann Worldgroup меѓу најефикасните агенции во Европа” – изјави Владимир Димовски, оперативен директор во I&F McCann Група одговорен за Адриатик регионот.
McCann агенциската мрежа во Европа има освоено вкупно 348 бодови на 14 пазари (Израел, Грција, Чешка, Романија, Украина, Полска, Хрватска, Турција, Велика Британија, Франција, Германија, Унгарија, Австрија и Русија).
Пабло Вокер, претседателот на агенциската мрежа McCann Worldgroup Europe, изјави: „Се гордеам со нашиот регион, кој оваа година повторно се врати на лидерската позиција. Да се биде препознатлив по сјајните идеи кои на клиентите им носат резултати е во срцето на сè што работиме. На регионално ниво ова е признание за нашиот стратешки тим, кој сочинува сјаен тандем со нашиот креативен тим.“
Effie-индексот ги идентификува и ги рангира најефикасните агенции, огласувачи, брендови, мрежи и холдинг-компании анализирајќи ги податоците на финалистите и на победниците од сите светски Effie-натпревари. Effie-индексот се објавува еднаш годишно и претставува светски најопфатно рангирање на маркетиншката ефикасност.