(РЕГИОН) – Водечката бизнис иницијатива во регионот ќе ги собере на едно место бизнис и политичките лидери на Југоисточна Европа на петиот по ред Самит 100 кој се оддржува денеска и утре во престолницата на БиХ.
Оваа година во фокус ќе биде дијалогот за преземање на одговорност за посврство поверзување на земјите од регионот преку конкретни предлози за унапредување на индустриската соработка.
Весна Валсиќ Јусиповиќ, директорка на агенцијата Меккен Сараево по повод партнерството со Самитот 100 изјави: “Горди сме на фактот дека нашата агенција е повикана да биде партнер за подршка на Самитот 100 кој за прв пат се оддржува во нашата земја. Чест е да се биде дел од овој значаен проект за регионална соработка која воедно претставува извонредна прилика за вмрежување и дијалог, но и имплементација на проекети од круцијална важност за екномскиот развој на регионот“
Голем број на медиуми од Босна и Херцеговина и регионот ќе ја следат дводневната програма на Самитот 100, кој оваа година под мотото “Договор за новото време“ го организираат ББИ банка и АСА Превент групацијата од БиХ, со подршка од Здружението на менаџери од Словенија, Српската асоцијација на менаџери, Алкалоид од Македонија, Атлас група од Црна Гора и Хрватското здружение на работодавачи.