Прекрасни вести вечерва ни стигнуваат од Порторож !
Бекутан Радосница, кампањата на “Алкалоид“, изработена во соработка со маркетинг агенцијата McCann Skopje е ПОБЕДНИК во категоријата “Најдобра кампања на социјалните медиуми“ на овогодинешното издание на SEMPL – семинарот на медиа трендови.
Ова претставува ПРВА победа на македонска маркетинг агенција и македонска компанија на овој престижен креативен фестивал кој веќе 15-та година се оддржува во Порторож, Словенија!
Тимот на McCann Skopje кој што работеше на овој проект, а кој го сочинуваа Ирина Маја, Билјана Пешевска и Ивица Јовановиќ заедно со соработниците од Алкалоид, направија уникатна кампања на најголемата социјална мрежа Фејсбук каде создадоа апликација за македонската публика, наречена “Бекутан Радосница“, која на корисниците им овозможуваше на интерактивен начин да ја продолжат “заборавената“ традиција на архивирање на фотографии од развојот на новородените бебиња. Идејата за кампањата беше одлично прифатена и прилагодена и за другите пазари од EX-YU просторот, насекаде постигнувајќи одлични резултати.
Еве како изгледаше “Најдобрата кампања на социјалните медиуми” на McCann Скопје и Алкалоид:
Marketing365 им честита на McCann и Алкалоид и им посакува уште многу успеси во иднина !
Целата листа на победници на овогодинешното издание на SEMPL можете да ја видите на следниов ЛИНК.