Меккен Скопје вработува ПР менаџер, сениор графички дизајнер и менаџер за дигитални комуникации.
МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА
Од кандидатот очекуваме:
- Универзитетска диплома
- Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
- Искуство од работа во агенција е предност
- Искуство во водење на проекти кои вклучуваат различни комуникациски канали
- Искуство во организирање на настани
- Познавање на политичката, социјалната и економската сфера
- Познавање на медиумите и нивната работа
- Одлични способносоти за писмено изразување
- Одлични презентациски вештини, елоквентност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за аналитичко размислување и расудување, следење трендови
- Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
- Напредно ниво на користење на Microsoft пакет
- Подготвеност за тимска и самостојна работа
Одговорности:
- Водење на комуникациски проекти за клиенти
- Раководење со тимовите во агенцијата вклучени во проектот
- Јасно поставување рокови и цели за секоја фаза на проектот, одговорност за имплементација и евалуација на сите фази на проектот
- Секојдневна комуникација и координација со клиентите
- Пишување материјали наменети за медиумите
- Подготовка на комуникациски стратегии и планови
- Реализација на планираните активности заедно со членовите од тимот
СЕНИОР ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Од кандидатите очекуваме:
- Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
- Одлично познавање на Adobe програмите
- генерирање на иновативни креативни решенија
- Познавање на техники на припремаза печат и печатење
- Активно познавање на трендовите во областа на дизајнот и адвертајзинг
- Одлично познавање на англиски јазик
- Подготвеност за тимска и самостојна работа
Одговорности:
- Создавање на иновативни дизајнерски концепти и решенија
- Дизајн на лого, брендирање, изработка на продажни елементи за кампањите (ПОС материјали)
- Користење на сите релеватни дизајнерски алатки (типографија, лого, колорит, графика, илустрација, фотографија, 3Д рендеринг) на соодветен начин
- Развој на сите креативни решенија за комуникација (офлајн и онлајн)
- Обработка на фотографии
- Подготовка на припреми за печатење
- Комуникација и координација со другите тимови во агенцијата
- Разбирање на потребите и барањата на клиентот, брифирање, следење на трендовите
МЕНАЏЕР ЗА ДИГИТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ
Од кандидатот очекуваме:
- Универзитетска диплома
- 2+ години работно искуство во интернет маркетинг
- Одлично познавање на алатки за интернет маркетинг и социјални мрежи
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работата во Microsoft Office пакетот (Excel, Word, Power Point)
- Креативност, проактивност и желба за работа во тим
Одговорности:
- Одговорен за контакт со клиенти за сите работи поврзани со интернет маркетинг и градење на долгорочни односи со клиентите
- Развој на дигитални стратегии согласно со специфичните потреби на секој клиент
- Изработка на комуникациски планови за различните онлајн платформи
- Буџертирање на кампањи и активности
- Креирање, следење и оптимизирање на кампањи преку Facebook, Instagram, Twitter, Google AdWords.
- Менаџирање на заедниците и репутацијата на клиентите на интернет
- Следење и анализа на активностите со користење на алатки како Google Analytics, Facebook, Twitter итн.
- Управување со процесот на развој и унапредување на веб страните на клиентите
- Спроведување на е-маил кампањи и менаџирање на бази на претплатници
- Употреба на СЕО техники за унапредување на онлајн присуството на клиентите
- Следење на најнови трендови и нивна имплементација во секојдневното работење
Агенцијата нуди можност за развој на вашите вештини, работа за светски познати брендови и компании, како и можност за постојано напредување и усовршување.
Ако сте заинтересирани за некоја од овие позиции и ги задоволувате критериумите, ве молиме испратетего Вашето CV најдоцна до 01.03.2017 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.