Агенцијата McCann Стокхолм и I&F Group од Белград го освоија своето прво Grand Prix на фестивалот на креативност Cannes Lions, и тоа за кампањата „Eat A Swede“ (во слободен превод „Изеди Швеѓанец“). Покрај Grand Prix наградата, во истата категорија “Entertainment”, кампањата „Eat A Swede“ освои и сребрен Кански лав, а претходно освои уште едно сребро во категоријата “Health and Wellness”, а финалист е во уште седум други категории.

„Исклучителна идеја, силен креативен тим, храбар клиент, сè се совпадна. Ова Grand Prix е резултат на заедничката енергија на сите оние кои учествуваа во проектот и кои веруваа дека оваа кампања може да го привлече вниманието на јавноста и да иницира дискусија за едно важно прашање како што се одржливоста и зачувувањето на планетата. Креативните идеи носат промени, нашата индустрија има способност и одговорност да креира кампањи кои можат да го променат светот. Горд сум на целата I&F група и нашиот тим во Стокхолм кои создадоа една таква кампања“ – изјави Срѓан Шапер, основач на групацијата I&F Group во чии рамки работи агенцијата McCann Стокхолм.

Кампањата создадена за Шведската федерација за храна (SFF) имаше големо влијание врз јавноста и започна дебата за одржливоста и исхраната на постојано растечката светска популација. Еден од начините препорачани од Шведската федерација за храна е „Go Swegan“ (т.е. „јадете како Швеѓаните“), програма заснована на прифаќање на здрава исхрана и одржливи практики. Во 18-минутниот сатиричен документарец „Eat a Swede“ глуми светски познатиот актер Александар Скарсгард.
„Чест ни е што ја добивме Grand Prix наградата. Кампањата почнавме да ја работиме пред повеќе од три години, а потоа не запре пандемија, така што целата агенција го „живее и дише“ овој проект веќе некое време. Посебна благодарност до нашиот фантастичен клиент, Шведската федерација за храна, и Хенрик – нашиот сакан „научник“, и последно, но не и најмалку важно, Александар Скарсгард за неговите вкусни гени!“ – посочи Јакоб Стјарне, директор на McCann Стокхолм.
Кампањата можете да ја погледнете во продолжение: