Џејми Пејт, Global Head of Retail Strategy во McCann Woroldgroup, заедно со колешката Мари Коропиш, минатата недела одржаа низа работилници со тимовите во агенциите McCann, UM и Drive. Џејми поседува повеќедецениско искуство во работа со клиенти од доменот на малопродажбата, познат е по работата на наградените кампањи за компанијата Алди. Во разговор со Катарина Прибичевиќ, директор за стратешко планирање во агенцијата McCann Белград, Џејми открива како ја гледа иднината на малопродажбата, на кој начин дигитализацијата влијае на потрошувачите, но и кои совети би им ги споделил на младите кои сакаат да се занимаваат со адвертајзинг.
- Според твоето мислење, кој е идниот формат на малопродажбата?
Тоа ќе биде формат кој ќе ја зголеми употребата и потенцијалот на сите малопродажни средства на еден бренд. Со други зборови, на потрошувачите ќе им биде понудено сè што им е потребно за да го добијат посакуваното искуство во трговијата, било да се тоа физички или дигитални платформи. И ќе го покриваат целиот “пат на купување” за било која категорија да се работи.
- Како дигитализацијата влијае на промените во процесот на купување? Што можеме да научиме од Кина?
Кина не доведе до сосема поинаков начин на осмислување на улогата на “продажната инка” (на пример, од ангажирање, до разгледување, а потоа купување), како и за патувањето на потрошувачите. Се покажа дека можете да го градите вашиот бренд низ целата продажна инка, а не само на врвот и дека е-купувањето може да игра подеднакво важна улога како и физичката продавница. Кина, исто така, ни покажа дека патувањето на потрошувачите повеќе не е линеарно и дека дигиталот игра централна улога во начинот на кој потрошувачите сега управуваат со овие патувања.
- Кои трендови влијаат на промените на однесувањето на потрошувачите?
Мобилни телефони променија сè и продолжија да го прават тоа – ја вратија моќта назад во рацете на потрошувачите, им дадоа можност да знаат повеќе, да понудат повеќе и да споделуваат повеќе – и тоа нема да се промени. Сите трговци треба да размислуваат за тоа како да започнат свој бизнис во оваа примарно мобилна средина.
- Од година во година кај нас гледаме позитивна промена на трендот кога се работи за здравата исхрана. Кои се новите потрошувачки трендови кога станува збор за исхраната?
Рамнотежата ќе биде клучна – балансирање на здравјето со уживање, количината на растителна храна со месо и голема вредност на етичката и одговорната набавка на храна и производство. Оние продажни синџири и брендови кои им помагаат на луѓето да го постигнат тој баланс се оние кои ќе победат.
- На крај, дали можеш да ни споделиш со нас кои се клучните особини на еден добар стратег? Што би ги советувал младите адвертајзери кои влегуваат во овој свет?
Сакогаш на новите стратези им ги давам овие пет совети кога почнуваат да работат – се надевам дека ќе им помогнат :-)
- Не бидете арогантни и обидете се секогаш да бидете најпаметната личност во собата
- Слушајте повеќе, зборувајте помалку
- Обидете се секогаш да го засновате своето размислување на докази
- Пуштете ги своите идеи и прифатете ги другите
- Бидете љубипитни и заинтересирани за сè