Меккен канцеларијата во Монтевидео, Уругвај, по повод својот 70-ти роденден креираше свој уникатен парфем кој го крстија како: “I CANN Eau de creativite”.
Лимитираната едиција шишенца парфем со нота на овошје и цитрус, доаѓа со специфично “упатство за употреба“ кое ако се аплицира според насоките треба да придонесе за креативен boost на личноста која ќе го употребува.
Првото правило е дека ова шишенце парфем не смее да се отвори се додека не се пронајде некоја “голема идеја“. Првиот допир со кожата мора да биде во момент кога се постигнува “врв“ во креативноста. Со ова, ароматичните мириси ќе бидат “соединети“ со мемориријата во тој момент, правејќи асоцијација на парфемот со моментумот на креативен зен.
Корисниците ќе мора ова правило да го применат најмалце три пати. Парфемот да го користат во момент кога ќе имаат големо креативно откровение за успешно да се воспостави врската помеѓу парфемот и креативноста.
Потоа парфемот ќе може да биде употребен да направи boost на креативноста, односно да ги стимулира сетилата кои ја стимулираат состојбата која произведува креативни решенија и идеи.
“Тоа што брендовите го велат е важно, но многу поважно е тоа што тие го прават. Токму поради оваа причина ние сакавме да креираме нешто специјално што ќе ја рефлектира мисијата на Меккен: да направи брендовите да играат важна улога во животот на луѓето“, вели Леандро Гомес, CEO на Меккен Монтевидео и генерален креативен директор во соопштението по повод лансирањето на парфемот.
Агенцијата направи и специјално видео за промоција на парфемот: