Одлична можност да ја покажете својата креативност и континуирано да напредувате како дел од тимот составен од талентирани професионалци кои имаат освоено бројни награди, создале дел од најдобрите кампањи и кои постојано поставуваат нови стандарди во професијата.
Бараме свежи и мотивирани дизајнери, арт директор и копирајтер.
1. Потребни квалификации за позиција дизајнер:
-Пожелно соодветно високо образование;
-Минимум две години работно искуство на иста или слична позиција
-Одлично познавање на програмите: Photoshop, illustrator, InDesign;
-Развиено чувство за типографија, дизајн на логотип, брендирање, илустрација, фотографија;
-Обработка на фотографии;
-Познавање на подготовка за печат и техники на печатење;
-Одлично познавање на англиски јазик;
-Подготвеност за тимска и самостојна работа.
2. Потребни квалификации за позиција арт директор:
-Пожелно соодветно високо образование;
-Минимум пет години работно искуство на иста позиција;
-Одлично познавање на програмите: Photoshop, illustrator, InDesign;
-Способност за менаџирање на креативниот тим;
-Способност за генерирање на иновативни и релевантни креативни концепти и решенија;
-Дизајн на рекламни решенија и рекламни кампањи, дизајн на лого, пакување, изработка на продажни елементи за кампања
(POS материјали)
-Активно учество во изработката на сите креативно комуникациски решенија (offline и online);
-Развиени комуникациски и презентациски вештини.
3. Потребни квалификации за позиција копирајтер;
-Пожелно високо образование;
-Најмалку три години работно искуство во креативни проекти и реализација на кампањи од идеја до реализација;
-Познавање на техники и принципи на рекламирање;
-Одлично познавање на англиски јазик;
-Подготвеност за тимска и индивидуална работа, подготвеност за работа на повеќе проекти истовремено, во кратки временски рокови;
-Развиени комуникациски и презентациски вештини;
-Познавање на MS Office програмите, особено одлично познавање на PowerPoint.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, можат да го испратат своето CV и портфолио
на англиски јазик на е-mail:hr@ifmccann.com најдоцна до 23.10.2015 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.