Една од водечките маркетинг агенции во Македонија и регионот, Меккен Скопје, го проширува својот тим со суперхерој кој се одзива на името Графички дизајнер.
Од кандидатите се очекува:
-Универзитетска диплома по можност
-Најмалку три години работно искуство на исти или слични работни места
-Одлично познавање на програмите: Photoshop, Illustrator
-Развиено чувство на типографија, лого дизајн, брендирање, илустрација, фотографија
-Познавање на техники на припрема за печат и печатење
-Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг
-Одлично познавање на англиски јазик
-Подготвеност за тимска и самостојна работа
Одговорности:
-Генерирање на иновативни и релевантни дизајнерски концепти и решенија
-Дизајн на решенија и рекламни кампањи, дизајн на лого и брендирање, изработка на продажни елементи за кампањите (ПОС материјали)
-Активно учество во развојот на сите креативни решенија за комуникација (офлајн и онлајн)
-Обработка на фотографии
-Припреми за печатење
-Секојдневна комуникација и координација со клиентите
Агенцијата нуди можност за развој на вашите вештини, работа за светски познати брендови и компании како и постојано да напредувате како дел од тим составен од талентирани професионалци.
Ако сте заинтересирани во оваа позиција и ги задоволувате критериумите, ве молиме испратете го Вашето CV најдоцна до 25.07.2016 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор.