McCann Worldgroup е прогласена за најефективна агенциска мрежа на WARC ранг листата Effective 100 за 2020 година, традиционален глобален индекс на креативна, ефективна и медиумска извонредност во рекламирањето.
Покрај тоа, агенцијата FP7 / McCann Дубаи е рангирана како прва најефикасна поединечна агенција во светот. Ова е втора година по ред во која McCann Worldgroup ја освои оваа престижна чест и во категоријата на поединечни агенции и во категоријата агенциски мрежи.
Агенциите кои работат во рамките на McCann Worldgroup мрежата и креативните кампањи создадени од нив, се високо позиционирани на скалата на ефективноста, дури 13 места во првите 50 агенции на ранг листата на WARC. Харис Дајмонт, извршен директор на McCann Worldgroup, изјави: „Креативните и стратегиските признанија што ги освоивме со многу наши агенции ширум светот, ја покажуваат силата на нашата способност да создаваме стратешки управувани креативни проекти за некои од нашите најголеми глобални клиенти, како и за големи регионални и локални клиенти. Никогаш не би можеле да ги реализираме сите овие одлични проекти без подготвеноста на нашите клиенти да ги поместуваат границите во маркетингот со цел да го придвижат својот бизнис напред“.
Сузан Пауерс, главен директор за глобална стратегија во McCann Worldgroup, додаде: „Нашата мисија да им помогнеме на брендовите да остварат значајна улога во животот на луѓето не е само мантра. Тоа е методологија и пристап што им помага на нашите тимови ширум светот да направат импресивна работа. Оваа ранг листа го препознава тој фокус и, се разбира, големите клиенти со кои имаме чест да соработуваме секој ден за да ги постигнеме тие резултати“.
Успехот на компанијата McCann Worldgroup на WARC ранг листата стави 18 различни кампањи кои се најдоа на WARC 100 листата на најефективни кампањи. Клиентите чија работа се истакнува се: Amazon Prime, Coca-Cola, Microsoft, Xbox Minecraft, Mucinex, Nescafé, Aldi, IKEA, KitKat и Uber.
Признанието на WARC го продолжува успехот на глобалната мрежа McCann, која продолжува да се одликува со награди за креативност и ефикасност. Покрај признанието на ефикасноста од страна на WARC, и McCann Њујорк неодамна се најде на првото место на ранг листата WARC Creative 100, како најдобра поединечна креативна агенција. McCann Worldgroup исто така го зазеде првото место на престижниот годишен преглед на најиновативни компании на светот на Fast Company листата за 2020 година, а беше прогласена и мрежа на годината на меѓународниот фестивал на креативноста во Кан за 2019 година, глобална агенција на годината за 2019 година од страна на магазинот Adweek, мрежа на годината од страна на Campaign Magazine US, и како агенциска мрежа на годината за регионот на Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА регион) за последните две години на европската ранг листа Campaign European.