Според годишниот преглед на престижниот магазин Campaign, McCann Worldgroup Europe е прогласена за креативна агенциска мрежа за 2020 година за регионот на ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка).
Нови клиенти, силен органски раст и инспиративен стил на лидерство ги обликуваа резултатите на McCann Worldgroup Europe во текот на 2020 година. Резултатите од креативните и стратешките напори обезбедија комерцијална отпорност за клиентите, постигнаа креативна ефикасност и одиграа значајна улога во животот на луѓето.
Меѓу кампањите кои магазинот Campaign ги издвојува е платформата „Заедно сме посилни“ за компанијата Алди во Германија, која покажа како супермаркетот нуди работни места на вработените во Мекдоналдс кои привремено останале без работа. Поради тоа што фризерските салони беа затворени подолго време, Лореал ја претстави амбасадорката на брендот Ева Лонгорија, која сподели совети на социјалните мрежи како самостојно да се покрие седата коса.
Судиите особено биле импресионирани од брзата реакција на оваа агенциска мрежа на пандемијата Ковид-19, поставувајќи увид и податоци за градење силни платформи за клиентите. Се истакна и кампањата „Ви благодариме, доктори“, потпишана од тимот на McCann Белград.
„Ковид-19 се наметна како тема која обележа бројни кампањи на комерцијални и општествено ангажирани брендови, што е и очекувано. Брендовите кои живеат за луѓетo, живееја со луѓето и во најтешката година. Така и треба да биде. „Ви благодариме, доктори“ е едноставна и моќна кампања, претставена на универзално препознатлив визуелен јазик. Нашата цел беше да ги ставиме нашите креативни знаења, идеи и нашиот занает во служба на нешто поголемо и таа цел беше целосно постигната“, рече Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на агенцијата McCann Белград.
Извор: Campaign Magazine