Агенциската мрежа McCann Worldgroup го соопшти унапредувањето на Адријан Ботан во улогата на глобален креативен партнер за креативна извонредност, потег што дополнително ја покажува посветеноста на мрежата за креативна извонредност кон своите клиенти и нивните брендови.
Адријан ќе продолжи да ја извршува својата лидерска улога на европскиот пазар и ќе продолжи да ги предводи креативните проекти на McCann Worldgroup за клиентот Mastercard на глобално ниво. За својата работа, тој ќе поднесува извештај до генералниот креативен директор на McCann Worldgroup и McCann, Хавиер Кампопијано.
Како генерален креативен директор на McCann за Европа, Адријан ги предводи европските креативни тимови на агенциската мрежа во 29 земји, поттикнувајќи ги иновациите и креативната извонредност. Во својата проширена надлежност, тој ќе ѝ помогне на McCann Worldgroup да ги идентификува и испорача најдобрите креативни можности за најважните клиенти и брендови на агенцијата низ целиот свет.
За време на неговиот речиси 20-годишен мандат во McCann Worldgroup, Адријан даде приоритет на креативноста и иновативноста, градејќи култура која не само што поттикнува експериментирање и храброст, туку и ја поттикнува комерцијалната ефикасност.
Адријан беше клучна сила зад успехот на проектот „Where to Settle“ на Mastercard, кој им помага на украинските бегалци да изградат нов живот во соседна Полска. Проектот е добитник на повеќе признанија, вклучувајќи и Grand Prix награда на Cannes Lions во 2023 година. Истата година година тој беше вклучен во листата „40 над 40“ на магазинот Campaign и исто така три пати бил прогласен за „Европска креативна личност на годината“ од страна на Campaign.
„Адријан е некој кој навистина се залага за радикална креативност во сите нејзини форми. Тој долго време е креативна сила, лидер и инспирација не само во Европа, туку и низ нашата агенциска мрежа. Навистина сум среќен што имам шанса да го доближам уште поблиску до глобалниот тим за да ги максимизираме неговите таленти за нашите клиенти и брендови и за целата креативна заедница“ – истакнува Хавиер Кампопијано, генерален креативен директор на McCann Worldgroup и McCann, .