Агенциската мрежа McCann Worldgroup соопшти дека Емилијано Гонзалес Де Пјетри, досегашен генерален креативен директор во McCann Spain, ќе биде унапреден во глобален креативен партнер за глобални брендови, демонстрирајќи ја посветеноста на мрежата кон креативна извонредност за нивните клиенти ширум светот.
За својата работа, тој ќе го известува Хавиер Кампопијано, глобален генерален креативен директор на McCann Worldgroup и McCann. Седиштето на двајцата ќе биде брзорастечката канцеларија на мрежата во Мадрид, која станува главен глобален центар предводен од извршната директорка Лусија Ангуло.
Во својата нова глобална улога, Емилијано ќе се фокусира на зајакнување на креативниот „аутпут“ на мрежата и идентификување на понатамошните креативни можности за клиентите и глобалните брендови. Тој ќе соработува со глобалниот генерален директор за раст на McCann Worldgroup, Нејтан Браун, за дополнително да поттикне нов деловен моментум за агенциската мрежа, обединувајќи ги најдобрите тимови за изградба на трајни бренд платформи за клиентите.
„Емилијано беше креативната движечка сила зад некои од нашите најнови и големи глобални победи, благодарение на неговата единствена способност да ги обединува талентите од сите делови на нашата организација. Тој се истакнува во градењето и водењето на високо креативни тимови кои можат да ги решат деловните проблеми со примена на радикална креативност. Со воведувањето на оваа глобална функција, ќе продолжиме да ја носиме моќта на „Добро кажаната вистина“ за брендовите на глобално ниво, не само за да изградиме потрајни платформи за брендови, туку и да го поттикнеме деловниот раст на нашата глобална мрежа” – истакнува Хавиер Кампопијано, глобален генерален креативен директор на McCann Worldgroup и McCann.