Како што пренесува AdAge, постигнат е договор за враќање на Роб Рајли во McCann Worldgroup, овојпат како главен глобален креативен директор.
Рајли претходно во 90-тите има работено како копирајтер за Кока-Кола во МекКен и сега доаѓа од Crispin Porter & Bogusky каде беше главен креативец повеќе од десетина години.
Новата функција ќе ја првземе во Март, наследувајќи го Линус Карлсон кој продолжува како главен креативец во Commonwealth, која исто така е компанија дел од McCann групацијата.
Роб Рајли има работено како глобален креативен директор за Бургер Кинг а во Crispin Porter & Bogusky се приклучи во далечната 2003 год. почнувајќи како копирајтер а подоцна во 2010 година беше назначен за глобален креативен директор на агенцијата. Некои од попознатите негови глобални “акаунти“ се и Microsoft, Dominos, Old Navy и Kraft , притоа освојувајќи награди на многу фестивали вклучувајќи го и најпрестижниот во Кан.