Агенциската мрежа McCann Worldgroup го соопшти назначувањето на Лалита Келер за глобална претседателка глобалната агенција за креативна продукција Craft. Се работи за агенција специјализирана за создавање на видео, дигитални и принт содржини со преку 1.300 креативци и продуценти во 120 земји.
Ова назначување го демонстрира континуираното инвестирање на агенциската мрежа во креативност и талентот од светска класа, и тоа во време на забрзана иновација и креативна ренесанса во продукцијата и во креативната индустријата во целина. Минатиот месец McCann Worldgroup објави ново стратешко партнерство со [Ai]magination, водечко студио за продукција на содржина со вештачка интелигенција.
Лалита Келер има над дводецениско искуство на водечки агенциски позииции, за што има добивани бројни награди на светските креативни фестивали. Во својата кариера, таа има продуцирано содржини за брендови како Toyota, Yahoo!, Dom Pérignon, Myspace, AT&T, Walmart, Ubisoft и Apple.
„McCann Worldgroup и Craft се фокусирани на оживување на креативноста на начини кои се навистина уникатни во индустријата. Оваа можност го спојува целото мое искуство и страст за иновации во една глобална улога. Од самиот почеток се заљубив во визијата на Craft“ – посочи Лалита.
„Лалита е лидер од светска класа во креативната продукција со импресивно портфолио и длабочина на искуство. Нејзината кариера го отелотворува определбата на Craft да ја „Оживее креативноста“ користејќи ги сите методи и водечките технологии на 21-от век. Возбудени сме што ни се придружува за да ја поттикнеме продукциската извонредност ширум целата наша компанија“ – изјави Дерил Ли, глобален извршен директор на McCann Worldgroup.
Лалита ќе ја започне својата нова функција на почетокот на јуни, а за својата работа ќе ја известува Кејт МекНевин, глобална оперативна директорка на McCann Worldgroup и глобална претседателка и главна извршна директорка на МРМ.