Агенциската мрежа McCann Worldgroup објави серија организациски промени за да поттикне непречена соработка помеѓу своите агенции и со тоа да обезбеди поголема брзина во реализацијата на своите услуги на пазарот за креативни решенија.
Промените доаѓаат по неодамнешното соопштение дека глобалниот извршен директор на McCann Worldgroup, Дерил Ли, ќе ја преземе дополнителната функција на глобален извршен директор на агенцијата McCann, со оглед на тоа што Крис Мекдоналд се враќа во Обединетото Кралство од семејни причини.
Тогаш, Дерил исто така објави дека улогата на глобалниот генерален креативен директор во McCann Worldgroup и McCann, исто така, ќе се комбинира во една глобална позиција на генерален креативен директор. Со оглед на тоа што новата улога ќе бара поголем фокус на рекламната вертикала на McCann, Алекс Лопез, досегашниот глобален претседател и генерален креативен директор на McCann Worldgroup, одлучи да ја напушти организацијата. Компанијата најави дека во догледно време ќе го објави назначувањето на новиот двоен генерален креативен директор.
Потоа беа објавени уште неколку промени во водството на агенциската мрежа, со цел создавање на услови за поголема соработка и агилност помеѓу компаниите во рамки на McCann Worldgroup, вклучувајќи ги McCann (адвертајзинг), MRM (маркетинг технологии и маркетинг на односи), Craft (продукција) и FutureBrand (бренд стратегија и дизајн), притоа дополнително зајакнувајќи ја водечката улога на самата агенција McCann.
Глобалната претседателка и генерална директорка за стратегија, Сузан Пауерс, е промовирана во претседател на FutureBrand и глобален генерален директор за производи на McCann Worldgroup. Во оваа нова улога, Сузан ќе биде задолжена за подигнување на креативната и стратешка извонредност на продуктите, иновациите и идејното лидерство ширум агенциите на McCann Worldgroup. Таа, исто така, ќе ја води интеграцијата на услугите на FutureBrand за бренд стратегија и дизајнерски решенија во портфолиото на McCann Worldgroup.
Кејт МекНевин, глобалната претседателка и извршна директорка на MRM, е промовирана во глобален генерален оперативен директор на McCann Worldgroup, истовремено задржувајќи ја својата улога во MRM. Обврската на Кејт ќе биде да ги оптимизира секојдневните операции на мрежата, фокусирајќи се на инфраструктурата низ производството, трансформацијата на системи и информатичките технологии, за да ја поттикне кондицијата и агилноста во опслужувањето на клиентите.
Нанет Дафур ќе ги преземе дополнителните одговорности на глобален генерален директор за одржливост – целосно нова улога за компанијата, истовремено задржувајќи ја функцијата на глобален генерален директор за клиенти во McCann Worldgroup. Улогата на генералниот директор за одржливост ќе се фокусира на партнерство со клиентите за да се исполнат заедничките цели за одржливост, а истовремено ќе ги води внатрешните напори за одржливост на компанијата.
Глобалниот директор за стратегија на агенцијата McCann, Харџот Синг, е унапреден во глобален генерален директор за стратегија на целокупната мрежа на McCann Worldgroup, а притоа ќе ја задржи и актуелната функција во McCann. Тој сега ќе ја води високо ценетата стратегиска дисциплина низ сите компании на McCann Worldgroup.
„На клиентите им требаат поврзани решенија за предизвиците со кои се соочува нивниот бренд и маркетинг, што од нас бара да работиме непречено низ редовите на агенциите за да испорачаме идеи кои се поттикнати од нашата колективна креативност. Овие промени нè натераа да го направиме тоа со голема брзина, при што сите во McCann Worldgroup ќе работат како еден обединет тим“ – посочи Дерил Ли, глобалниот извршен директор на McCann Worldgroup, по повод соопштените промени во водството на агенциската мрежа.