Агенциската мрежа McCann Worldgroup е прогласена за најуспешна во Европа и втора најефикасна и најнаградувана агенциска мрежа во светот за 2014 година според глобалниот Eiffie индекс на ефикасност.
Effie индексот ги препознава и рангира најуспешните агенциски мрежи, поединечни агенции и независни агенции, како и огласувачите и брендовите, преку анализа на критериумите на пазарна ефикасност и работење и успешност на фестивали и натпреварувања ширум светот.
Кон глобалниот успех на McCann Worldgroup допринесоа и прогласувањето на европскиот огранок на агенцијата McCann за најуспешна агенциска мрежа во Европа за минатата година, како и успехот на членката на McCann Worldgroup агенцијата FP7 од Дубаи која е најуспешна агенција од Блискиот Исток и втора најуспешна поединечна агенција во 2014 година.
Покрај тоа, McCann CEE на која припаѓа и I&F McCann Group во чии рамки работаат McCann агенции во пет земји од југоисточна Европа минатата година е прогласена за најуспешна агенциска мрежа во овој дел на Европа на натпреварот Golden Drum.
Effie индексот на ефикасност е еден од најрелевантните светски критериуми за рангирање на пазарната ефикасност и успешност и секоја година е најдобриот параметар за агенции, огласувачи и брендови чии маркетиншки активности постигнале најдобри резултати на пазарот.