Глобалната агенциска мрежа McCann Worldgroup склучи стратешко партнерство со [Ai]magination, креативно студио за продукција на содржини со примена на вештачката интелигенција, основано од повеќекратно наградувани креативни агенциски таленти. Партнерството ќе ги комбинира најновите генеративни технологии во сферата на вештачката интелигенција со најдобрите креативни умови со цел продукција на креативни содржини со голема брзина за врвните клиенти на McCann Worldgroup.
Партнерството е дизајнирано да го реализира целосно потенцијалот на генеративната вештачка интелигенција за оптимизирање на процесот на продукција на креативни содржини од почеток до крај. Изградено со човечка умешност и креативност, студиото [Ai]magination ги премостува световите на огласувањето и вештачката интелигенција. Ова им овозможува на McCann Worldgroup и нивните клиенти да ја усогласат моќта и брзината за креирање содржини на вештачката интелигенција со креативната визија и бренд платформите по кои агенциската мрежа е позната.
Договорот ќе им обезбеди на McCann Worldgroup и нивните клиенти да добијат ран, префериран пристап до способностите за [Ai]magination за креација на содржини во реално време и поддршка во развојот на бренд кампањи. Исто така, партнерстовото предвидува дополнително забрзување на генеративната флуентност на вештачката интелигенција, со работилници фокусирани на ефективна соработка помеѓу двете компании.
За [Ai]magination, партнерството нуди можност да соработува со низа врвни светски брендови и некои од најдобрите светски креативни таленти кои споделуваат амбиција да користат генеративна вештачка интелигенција како алатка за унапредување на креативниот занает и продукциската извонредност, каде што човечката креативност секогаш ја има водечката позиција.
„McCann Worldgroup е посветена на сите вкусови на креативноста во светот и на користење на овие вкусови за изградба на трајни брендови за нашите клиенти. Ова партнерство со [Ai]magination покажува колку суштински генеративната вештачка интелигенција отвора нови можности во креативниот занает и продукцијата. Ја забрзува нашата способност да произведуваме убава содржина во реално време што останува стратешки усогласено со стратагијата на брендот затоа што е водена и оптимизирана од нашата филозофија на „Добро кажана вистина“. Очекуваме продуктивно партнерство со Фредерик и неговиот талентиран тим на креативни експерти за продукција со примена на вештачката интелигенција“ – изјави Дерил Ли, глобален извршен директор на McCann Worldgroup и McCann.
Основачот и глобален директор за генеративна вештачка интелигенција во [Ai]magination, Фредерик Рајар, изрази слична возбуда за соработката, истакнувајќи: „Ова партнерство означува значаен скок напред во спојот на технологијата и креативноста водена од човекот. Заедно со McCann Worldgroup, ние сме подготвени да отклучиме невидени можности, овозможувајќи им на брендовите да се поврзат со својата публика на начини што досега не сме ги замислувале. Лично, јас сум супер возбуден што ќе соработувам со Дерил, Хавиер, Шарлот и нивниот лидерски тим за да видиме што можеме да постигнеме заедно“.
Двете компании веќе имаат работена заедно на неколку проекти, демонстрирајќи беспрекорна соработка со позитивен однос меѓу клиентите.
Шарлот Франсис, претседателка на McCann Paris и глобален бизнис лидер за брендот L’Oréal, додаде: „Секогаш бараме да ги донесеме најновите иновации во L’Oréal на начин кој ги поддржува највисоките стандарди за огласувачка убавина и извонредност. Работејќи со [Ai]magination, видовме колку тие го ценат огласувачкиот занает и колку се посветени да се осигураат дека користиме генеративна вештачка интелигенција за да ја подобриме човечката креативност и да го подигнеме квалитетот на нашата работа“.
Глобалниот генерален креативен директор на McCann Worldgroup и McCann, Хавиер Кампопијано, заклучи: „Несомнено, генеративната вештачка интелигенција е револуција што нè натера сите нас да го преиспитаме начинот на кој го предвидуваме креативниот процес и резултатот, и што е најважно, видот на партнерства што сакаме да ги вклучиме во тој процес. Се работи за клучен момент во нашата индустрија и ние мора да ги направиме вистинските избори сега за да бидеме осигурани за иднината. [Ai]magination ги споделуваат нашите вредности и филозофија; тие, како и ние, ја гледаат вештачката интелигенција во служба на човечката интелигенција и талент за испорачување на радикална креативност. Ова е партнерство кое ќе донесе неизмерна корист и за нашите луѓе и за клиентите“.