Во новата принт кампања на McDonald’s во Порторико, најпопуларните производи на брендот за брза храна – „Big Mac“, „Happy Meal“ и пакетчето со помфрит – се прикажани заматени врз еднобојна основа.
Идејата позади кампањата, создадена од агенцијата TBWA\San Juan, е дека производите на McDonald’s се толку препознатливи што доволна е само нивната форма за да бидат препознати.
Но, во игра е и еден потсвесен трик. Заматените слики го предизвикуваат набљудувачот да посвети доволно екстра внимание и да доживее доволно мал наплив на допамин од решавањето на „загатката“, за производот да остане подолго во неговата потсвест и да ја подгрее желбата за купување.