Брендот за брза храна McDonald’s е веќе познат по разните начини на кои ги реосмислува своите препознатливи „Златни лаци“ во други контексти. Овој пат, брендот им носи игра и забава на семејствата на плажити во Дубаи, трансформирајќи ги своите иконични лаци во лулашки.
Новата кампањата “Swings” („Лулашки“), создадена со помош на агенциите Studio M и Leo Burnett UAE, ја оживува носталгичната радост од брзањето кон лулашките на игралиштето, потсетувајќи ги посетителите на плажата да вклучат малку повеќе игра во нивните животи.
Лулашките во облик на „Златните лаци“ може да се најдат на разни лкации низ Дубаи, воведувајќи уште еден поинаков среќен спомен кој не вклучува „Среќни оброци“. Поставена наспроти идиличните плажи и пејзажи на Дубаи, интерактивната маркетинг кампања е знак за тоа како физичките реклами сè уште може да имаат силно влијание врз заедницата.
„Со оваа креативна работа, имавме за цел да им ја вратиме детската радост на жителите на Обединетите Арапски Емирати. Секогаш се стремиме да им го олесниме патот до убавите моменти за секого и остануваме посветени на создавањето вистински врски со нашата заедница преку претстојните проекти“, вели Валид Факих, генерален извршен директор на McDonald’s UAE.
Две години по стартот на пандемијата, лулашките на McDonald’s доаѓаат во вистинско време токму кога луѓето им се враќаат на патувањата. „Златните лаци“ стојат како симбол дека без разлика колку години старееме, никогаш не сме премногу стари за да се забавуваме!