Брендот за брза храна McDonald’s објави нова Божиќна реклама наменета за романскиот пазар, насловена “The Christmas Bringers” („Носителите на Божиќ“).
Во новиот едноминутен спот, брендот ги слави луѓето кои секоја година се најзаслужни за ширење на празничниот Божиќен дух, вклучувајќи ги оние кои го украсуваат градот, ги украсуваат излозите на продавниците и домовите, оние кои учат и пеат Божиќни песни, оние кои раздаваат подароци…
Секако, меѓу носителите на Божиќниот дух се и луѓето кои подготвуваат празнични специјалитети кои ги споделуваме со саканите. Токму како такви се посочуваат вработените на брендот, истовремено промовирајќи два нови сезонски бургери достапни за време на празниците.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција DDB Romania и продукциската куќа Studioset Production.