Сцените на насилство помеѓу навивачите беа прилично брутални во досегашниот тек на Европското Првенство во фудбал кое стартуваше во Франција минатата недела. Но, McDonald’s од своја страна почна да шири порака на мир и единство во новите outdoor реклами кои ги спојуваат нациите, прилично буквално.
Рекламите, од BETC Paris, прикажуваат фанови кои држат навивачки шалови кои поддржуваат две држави во исто време – така што имињата на државите се споени заедно. Франција (France) и Полска (Poland) стануваат Fraland; Шведска (Sweden) и Италија (Italy) стануваат Swetaly; Англија (England) и Словачка (Slovakia) стануваат Englakia; и така натаму.
Кампањата, фотографирана од Ким Ренберг, е наменета да шири “толеранција, различност и добрина,” стои во соопштението на McDonald’s.
Слоганот е “Come as you are.” Без разлика на грдите сцена кои се случуваат надвор од некои натпревари, има многу вистина во кампањата (и дружба помеѓу различните фанови) и покрај тоа што имињата на државите се измислени.
Заслуги
Клиент: McDonald’s
Клиент менаџмент: Xavier Royaux, Nathalie Legarlantezec, Sophie Giry
Агенција: BETC
Агенциски менаџмент: Henri Tripard, Julien Grimaldi, Juliette Aguglion
Извршен креативен директор: Rémi Babinet
Креативен директор: Olivier Apers
Арт директор: Cyril Arandel
Копирајтер: Adrian Skenderovic
Фотограф: Kim Reenberg
Продуцент: Chantal Bertina, Arno Poulain
Продукциска компанија: Rita