Инспириран од носталгијата, со понуда на уникатни освежителни пијалоци и вкусни задоволства, новиот „космички“ под-бренд на McDonald’s слета на земјата за уживањето на луѓето.
Името на брендот ќе биде CosMc’s, а како што беше најавено уште летоска – потекнува од истоимениот полу-вонземјанин и полу-робот кој бил дел од неколку реклами и промотивни активности на McDonald’s во 1980-те години.
Овој пат, CosMc’s ќе вклучува ланец на засебни ресторани со специјално мени и амбиент со вселенска тематика. До крајот на годината, компанијата планира да отвори десетина ликации ширум САД, а првиот ресторан беше отворен во Болингбрук во Илиноис.
Менито на CosMc’s ќе биде фокусирано кон поголем избор на пијалоци, со смели и неочекувани комбинации на вкусови, живописни бои и функционални засилувања. Па така, достапни ќе бидат повеќе лимонади и чаеви, коктели и ладно кафе.
Пијалоците ќе бидат надополнети со неколку артикли на храна – сендвичи и десерти, дизајнирани „да го подигнат вашето расположение во стратосферата, макар и само за неколку моменти“.