Во 2018 година McDonald’s освои Гранд при награда на Cannes Lions за својата кампања во која ги претвори своите златни лакови во насоки до најблискиот ресторан. Таа кампања беше дело на канадската агенција Cossette, а сега агенцијата TBWA/Paris направи нешото слично: outdoor реклами во кои препознатливто пакетче со помфрит на McDonald’s го претвори во насоки до најблискиот локал.
Се работи за минималистична кампања во која пакетчето со помфрит е поставено на позадина во пастелна боја, а линиите кои го претставуваат помфритот се продолжени и ја покажуват насоката по која треба да се движите за да стигнете до ресторан на McDonald’s.
Според агенцијата, кампањата искористува само 8 бои, но употребени во 64 различни комбинации. Се работи за впечатлива идеја која од една страна е многу корисна, а од друга, пријатна е за око и за апетит. :)