Агенцијата “We Are Unlimited” го преврте логото М наопаку и тоа стана W по повод Денот на жената
Агенцијата We Are Unlimited смисли интересен трик за еден од рестораните на Мекдоналдс во Калифорнија, превртувајќи ја буквата М наопаку и претворајќи го така познатото лого М во W за Меѓународниот ден на жената.
Венди Луис, директор во Мекдоналдс по повод овој потег изјави: “По повод Меѓународниот ден на жената и за прв пат во историјата на нашиот бренд, ги превтевме нашите познати лакови наопаку, во чест на извонредните достигнувања на жените насекаде, а особено во нашата ресторани. Од екипажот во ресторанот и менаџментот, до нашето високо раководство, жените играат непроценливи улоги на сите нивоа и заедно со нашите независни сопственици на франшиза, сме цврсто посветени на нивниот успех “
Огромниот знак М, всушност, не е единственото “М” лого што е превртено наопаку, бидејќи компанијата во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, исто така, го преврте своето лого наопаку и на голем број дигитални канали по повод 8 март.
“Идејата е подеднакво едноставна и храбра, бидејќи не бараме ништо помалку од невозможното. Многу сум горд на нашите клиенти затоа што ни овозможија да го оствериме тоа и на целиот тим им беше чест да помогне да се оствари оваа идеја. На овој ден, тоа е неверојатен начин да ги прославиме жените во Мекдоналдс, од сегашноста и минатото, чии придонеси ја направија компанијата она што е денес”, изјави Тогар Базаркаја, главен креативен директор на агенцијата We Are Unlimited.