Балтичките земји меѓусебно се нарекуваат браќа, што е логично со оглед на тоа колку заеднички работи имаат трите земји – Литванија, Латвија и Естонија. Сега има уште една врска што ги обединува – новиот McDonald’s бургер со „балтички вкус“.
Првото прашање што си го поставиле од McDonald’s било: „На што треба да има вкус балтичкиот бургер?“ Одговорот бил: „Веројатно, на многу работи“. Но, на што точно? За да бидат сигурни, од брендот решиле да вклучат луѓе кои најдобро ги познаваат локалните вкусови – блогери за храна.
Па така, резултатот бил: „Огнен како темпераментот на Литванците, чувствителен како душата на Естонците и крцкав како киселите краставички со кои во рака се раѓаат Латвијците“.
По создавањето на новиот „балтички бургер“, следениот чекор бил неговата промоција. За таа цел, од McDonald’s ги ангажирале креативната агенција TBWA Latvia и продукциската куќа Film Angels Production, кои создадоа забавна кампања која ќе се емитува во трите држави на балтичкиот регион.
Погледнете го централниот спот на кампањата во продолжение: