Тргнувајќи од идејата за „бањање во млеко“, кафе-брендот McCafé на McDonald’s и козметичкиот бренд Dove на Unilever се здружија за една необична заедничка кампања на кинескиот пазар.
Уште минатиот месец, McDonald’s во Кина го најави лансирањето на специјално кафе со екстра густа млечна пена именувано “Bubble Latte”. Според брендот, пијалакот се карактеризира со „мека и густа млечна пена, богати свилени слоеви и голтка како да сте во бања полна со кафе“.
Потоа се вклучи и козметичкиот бренд Dove, кој идејата ја однесе чекор понатаму, создавајќи производи за бањање со мирис на McCafé, со цел кожата да „пие и ужива“.
Двата брендови отворија заедничка поп-ап продавници во трговиските центри во 13 кинески градови, каде потрошувачите имаа можност да го пробаат новото кафе на McDonald’s и производите за нега на Dove.
Како дел од овие поп-ап продавници билa поставена и када полна со бели топчиња (т.е. пена) и голема чаша која „налева“ кафе во кадата.
Кампањата била насочена кон луѓе кои работаат или учат до доцна во ноќта, со цел да можат да се опуштат и освежат со новите производи на McDonald’s и Dove.