Брендот за брза храна McDonald’s објави иновативен музички видеоспот „отпеан“ на знаковен јазик
Ѕвезда на музичкиот спот е финскиот рапер Signmark кој текстот на песната го пренесува со своите раце, употребувајќи знаковен јазик.
Отворајќи ги очите на јавноста за предрасудите со кои се соочуваат луѓето со оштетен слух, кампањата насловена „Заедништвото почнува со разбирање“ ја унапредува мисијата на McDonald’s за промоција на инклузивност и еднаквост во своите ресторани и поширокиот општествен контекст.
Брендираниот музички спот ќе се емитува на телевизија, проследен со дополнителни промотивни активности на социјалните мрежи.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Nord DDB по повод Меѓународната недела на луѓето со оштетен слух.