Британска мултинационална компанија за производи за широка потрошувачка и воедно еден од најголемите огласувачи во светот Unilever се реши да го прекине целиот извоз и увоз на производи во и од Русија. Компанијата исто така ќе ги сопре сите свои инвестиции за огласување и медиумско присуство.
Меѓутоа, Unilever посочи дека ќе продолжи со „снабдувањето со секојдневна храна и хигиенски производи произведени во Русија за луѓето во земјата“.
Нивниот конкурент од САД, Procter & Gamble, исто така се одлучи за санкции кон Русија. Компанијата се реши да ги стопира поголемиот дел од своите деловни операции во Русија, продолжувајќи само со производство на лимитирана палета на производи за лична хигиена и здравје.
P&G ги стопираше сите огласувачки, медиумски и промотивни активности во Русија, а исто така одлучи да постепено да ги стопира и сите нови капитални инвестиции во државата.
Големите синџири на ресторани за брза храна McDonald’s, KFC и Pizza Hut исто така се одлучија привремено да престанат со работа во Русија. Покрај тоа што тие повеќе нема да опслужуваат храна, тие исто така ги запираат сите свои огласувачки и промотивни активности.
McDonald’s има 850 ресторани во државата и вработува 62,000 луѓе, додека пак KFC и Pizza Hut, кои оперираат под матичната компанија Yum Brands Inc., имаат најмалку 1000, односо 50 ресторани низ државата, соодветно.