McDonald’s ќе вложи 100 милиони долари за да им помогне на рестораните кои беа најтешко погодени од неодамнешната епидемија на Ешерихија коли на американскиот пазар, од која заболеја повеќе од 100 луѓе и која нанесе значителни штети на репутацијата и продажбата на брендот.
Во меморандум испратен до вработените, компанијата најавила дека ќе потроши 35 милиони долари за маркетинг активности, плус 65 милиони долари насочени кон рестораните на франшизата каде што се случи епидемијата.
Посетите и продажбите на McDonald’s значитечно опаднаа во октомври откако Центрите за контрола и превенција на болести и Администрацијата за храна и лекови на САД соопштија дека свежиот исечен кромид послужен во сендвичите од типот „Quarter Pounder“ е најверојатниот извор за појавата на бактеријата.
Повеќе од 100 луѓе се разболеа во 14 сојузни држави, а против ланецот за брза храна беа поднесени и неколку тужби. Акциите на McDonald’s забелеѓаа пад од околу 7% во текот на изминатиот месец.
Компанијата соопшти дека неодамнешните тестови покажале дека повеќе нема траги од бактеријата во храната, истакнувајќи дека сендвичот „Quarter Pounder“ е повторно вратен на менито ширум САД.