Со цел промоција на својот нов помфрит од цвекло, пашканат и други зеленчуци на францускиот пазар, брендот за брза храна McDonald’s започна кампања со која му дава нови бои на стариот свет.
Во централниот спот на кампањата насловена “New Colors” („Нови Бои“) гледаме момче кое со својата мајка се движи низ градските улици и со помош на магично стапче му дава различни шарени бои на околниот свет. На крај, момчето и мајката стигнуваат до ресторан на McDonald’s каде го пробуваат новиот помфрит од разни зеленчуци.
Покрај спотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата вклучува и постери од популарни филмски ликови како Чарли Чаплин, Дракула и Зоро, но во шарено издание што е сосема спротивно на нивниот препознатлив изглед.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA Paris.