Колку и да е вкусен некој помфрит, резултатот на замастени прсти е секако непријатен – особено во време на пандемија кога постојано сме потсетувани дека рацете треба да ги одржуваме колку што е можно почисти и да не ги допираме до лицето, а камоли пак некој да се осмели да си ги излиже прстите.
Со цел да одржи барем некакво ниво на хигиена во јадењето помфрит, McDonald’s во Кина лансираше покривачи за прсти кои се оформени како слатки, мали мачји шепи.
Достапни во пет бои, „мачјите шепи“ беа промотивно доделувани од 17 до 23 јули со секоја нарачка во McDonald’s.