Нема сомнение дека уличната храна има исклучително влијание врз развојот на гастрономијата, па дури и на елитни готвачи да ги применат едноставните, но ефикасни техники за готвење во нивните менија. Големите брендови за брза храна, пак, се совршен спој на овие два кулинарски светови, што го покажува и новиот бургер Crafted Chicken на McDonald’s.
Со цел промоција на овој нов сендвич кој влече инспирација од традиционалните улични камионети за брза храна, брендот се реши да ѝ одаде признание на таа улична култура преку трансформација на два дигитални билборди во такви „камионети“.
Имено, билбордите се обоени во впечатлива жолта боја, а на дното имаат тркалца. Меѓутоа, готвачот во овој случај, соодветно на модерните ни дигитални времиња, е исто така дигитален.
Целиот штос функционира на следниот начин: заинтересиран минувач се приближува до „камионетот“ и скенира QR код со својот паметен телефон. Тоа го активира дигиталниот готвач кој се појавува на екранот и почнува да припрема бургер. Штом готвачот заврши со својот перформанс, потрошувачот добива бесплатен купон кој потоа може да го замени за вистинскиот оброк во кој било ресторан на McDonald’s.
Интерактивната out-of-home кампања се реализирала на две локации во Шведска, а траела само 24 часа.