McDonald’s ја заврши својата креативна и медиа агенциска ревизија, постигнувајќи договор со Omnicom за водење на својот 1 милијарда долари вреден адвертајзинг бизнис, односно ставајќи крај на 35-годишната врска со Leo Burnett.
DDB на Omnicom ја победи Leo Burnett на Publicis Groupe во ревизијата која запона во Април и предзвика доста контроверзи во индустријата. Одлуката беше добредојдена за Omnicom – која пред скоро време излезе како победник и во ревизијата на AT&T – како и за DDB која го доби својот најголем бизнис договор под раководство на актуелната Генерална извршна директорка за Северна Америка Венди Кларк,
Omnicom ќе формира нова, се’ уште неименувана, агенциска единица во Чикаго во која ќе ги искомбинираат своите креативни и медиа средства, вклучувајќи луѓе од Sparks & Honey, Critical Mass и други организации на Omnicom Media Group.
“Пред точно 18 недели, добивме брифинг од соништата од еден од најиконичните брендови во светот… за да ја создадеме ‘агенцијата на иднината’,” изјави Кларк во едно соопштение. “Најдобрите и најсветли таленти од повеќе Omnicom агенции се здружија пред 4 месеци за да создаваат, делуваат и испорачаат резултати за тој бриф. Резултатот е посебна агенција изградена со интелигенција во своето јадро, која ќе создава брилијантна креативна работа, која ќе се испорачува со брзината на пазарот по ефективна цена. Ние сме возбудени и горди што сме избрани за веднаш да внесеме свое влијание во бизнисот на McDonald’s. ”
Од Leo Burnett изјавија: “И покрај тоа што овие вести се навистина разочарувачки, ние сме многу горди на единствениот начин на размислување кој го внесовме во McDonald’s. Работата што ја вршевме низ годините за McDonald’s беше ништо помалку од спектакуларна, и ние сме особено горди што бевме партнери за време на нивниот бизнис пресврт. Им посакуваме континуиран успех.”
Од McDonald’s одбија да коментираат.
Синџирот за брза храна работеше со Leo Burnett повеќе од три децении и ги спротивстави двете агенции од Чикаго (Leo Burnett на Publicis Groupe и DBB на Omnicom) кога се обидуваше да го редефинира својот бренд во 2014. Резултат на тоа беше минатогодишната “All Day Breakfast” кампања, со креатива од Leo Burnett и поддршка од DDB.
И покрај тешката борба за задржување на својот удел во пазарот минативе години, McDonald’s останува еден од најголемите огласувачи во САД. Брендот за брза храна потроши скоро 820 милиони долари за адвертајзинг во 2015 и 195 милиони долари во првата четвртина од 2016.